Европското движење во Република Македонија на својата завршна свеченост по повод одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа, вчера додели плакети за европски придонес во 2017 година.

Тренерот на РК Вардар Раул Гонзалез Гутиерез е прогласен за Европска личност на годината. Наградата ја додели евроамбасадорот во Скопје, Самуел Жбогар.