Сите закони кои регулираат работа на една институција треба да се сменат за да се види кои се критериумите, колку луѓе, зошто тоа го правеле итн. Врз основа на оваа анализа нам ни претстои огромна работа, истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма. Паралелно со тоа, рече тој, се спроведува и хоризонтална функционална анализа која ја прават со поддршка на УНДП.
- Ги проверуваме ингеренциите на институциите, значи каде тие се преклопуваат со своите ингеренции, каде треба да дојде до спојување, некои да се укинат, можеби некоја функционалност недостига, да се воведе нова, рече Манчевски.
Посочи дека првиот драфт документ го имаат и брзо ќе го објават, и врз основа на анализите треба да донесат заедничка одлука во однос на институциите.
- Во стратегијата за менаџмент на јавните финансии на Министерството за финансии, што веќе е донесена, е идентификуван проблемот дека има премногу институции - над 120 кои се во првата линија во буџетот, додаде Манчевски.