Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисија за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.
Комисија за транспорт, врски и екологија на денешната седница треба да ги разгледа Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, и двата во второ читање.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог - законот за енергетика, во второ читање и утврдување на Пречистен текст на Закон за минимална плата во Република Македонија.