Конечните извештаи за извршената ревизија на финансиското работење за 2016 година на Јавна здравствена установа Институт за јавно здравје и Институт за медицина на трудот денеска се усвоени од министрите во рамки на 68. владина седница.
Како што соопштија од владината прес-служба, двата ревизорски извештаи Владата ги испратила до Основното јавно обвинителство.