Амди Бајрам, лидер на Сојузот на Ромите станува дел од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ – е веста која што денес ја потврди премиерот Зоран Заев. Според него, тој нема да добие министерски места, туку одговорност на други позиции.
Во телефонски разговор за ,,Фокус’’, Бајрам вели дека е презадоволен и благодарен за оваа одлука. Според него, во последните пет месеци, откако бил независен, тој ја поддржал власта, па затоа и очекувано станал дел од мнозинството.
-Се виде ВМРО, уште кога започна да им тоне бродот, ете си замина и Груевски, јас немав што да барам повеќе таму и станав независен. Цели пет месеци сум поддршка на власта. И тоа го правам во интерес на Ромскиот народ. Значи секогаш работам за доброто на моите луѓе – вели лидерот на Сојузот на Ромите.
Целиот текст можете да го прочитате на фокус