Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска ја отвори конференцијата „Дијалог со Западен Балкан: Создавање на подрачја на раст, безбедност и и поврзаност на патот кон Европа“, што се одржува во Националната палата на културата во Софија.

Конференцијата се одржува пред утрешниот Самит ЕУ - Западен Балкан, а присуствуваат политичари и претставници на невладини организации од земјите од регионот и од Европска унија.

Главна тема е европската перспектива на земјите во регионот и начините за нивно поврзување.

Бугарија е домаќин на Самитот ЕУ - Западен Балкан на кој присуствуваат лидерите на 28 земји членки на ЕУ и шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан.