Самитот во Софија на кој два дена ќе учествуваат премиерите на 28 земји членки на ЕУ, како и нивните колеги од земјите кандидати за членство од регионов, но и посетата на британската премиерка Тереза Меј на Скопје, атмосферата во контекст на прашањето за името ја доведоа до фаза на вриење.
Сведоци сме на зачестени средби меѓу македонски и грчки претставници кои разговараат за името. На премиерско ниво откако е новата влада во Македонија, речиси една година, и ги нема многу само една. Или едната во јануари во Давос и едната најавена сега за во Софија. Или премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе се сретнат два пати.
За разлика од оваа една година јуни 2017-јуни2018, во периодот 2009 година – 2011 година на премиерско ниво имаше осум средби меѓу тогашните премиери на Македонија, Никола Груевски и неговиот грчки колега кој е од редовите ПАСОК,кој стана премиер октомври 2009 година, Јоргос Папандреу.
Следеа средби главно во Брисел, но и мала Преспа, како и една во Триполи Либија на маргините на меѓународна конференција. Стартуваа со средби во октомври 2009 година, потоа ноември и декември истата година. Таа во ноември беше во Мала Преспа. Потоа во 2010 година прв пат се сретнаа во март,па јуни, октомври и ноември. Онаа во март беше во Мала Преспа, а во ноевмри во Триполи, Либија. Во 2011 година се сретнаа во јуни. Центарот на НАТО и Европската унија, Брисел беше главното место за средби.
Во 2000 година во Скопје на самитот на лидерите од Југоисточна Европа, тогашниот грчки премиер, дел од ПАСОК,Костас Симитис се сретна само со ЉубчоГеоргиевски. Македонско-грчките односи потоа доживеаја подем со инвестицискиот бум и купувањето на скопската рафинерија и цементарница, влезот на капиталот од Грција во Стопанска банка и купувањето на мермерниот комбинат во Прилеп. Но, екс-премиерот Љубчо Георгиевски никогаш досега не потврди, нити кажа било што за оваа средба. Сепак, тоа е запаметен како период во кој проциркулира името Северна Македонија. Предлог кој наводно го дал Симитис.
Се чини дека повеќе грчко-македонски контакти се реализирани со владата на ПАСОК, сега радикалната левица СИРИЗА, одошто со конзервативните сили во Грција.