Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.

На денешното собрание 24 претставници на планинарски здруженија гласале за да остане претседател на федерацијата, двајца биле против а шестмина биле воздржани.

Тој беше единствен кандидат за оваа функција. Дел од делагатите замерија дека според Статутот на Федерацијата, Угриновски не може да биде избран по трет пат.

Планинарката Југослава Дуковска која гласаше против, вели дека третиот мандат на Угриновски е спротивен на статутот на федерацијата, според кој еден ист претседател не може да биде избран повеќе од два последователни мандата. Но зошто не се согласува со негoвиот реизбор е моралната одговорност поради смртта на младите планинари Калина и Александар на Кајмакчалан во февруари годинава.

Претседателот Угриновски пак пред делегатите на Изборното собрание го претстави извештајот за работата на Федерацијата во изминатиот период. Во осум точки тој ги претсави успесите на федерацијата и идните планови. Како голем успех ги претстави средствата издвоени за обнова на руинираната кула „Титов врв“.