[photo]

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт забележа убедлива победа со 126:85 ноќеска над Хјустон во третиот дуел од финалето во Западната конференција.

Најзаслужен за триумфот на „Вориорс“ беше Стеф Кари кој средбата ја заврши со 35 поени и шест скока.

Во поразениот тим најефикасен играч беше Џејмс Харден со 20 поени.

Моменталниот скор е 2-1 за Голден Стејт во серијата прв до четири победи.


На Истокот, Бостон Селтикс има водство над Кливленд, исто така со 2:1.