Идниот министер за култура Асаф Адеми по професија е градежен инженер, дипломирал на државниот Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје и во моментов е директор на данска компанија.

Тој доаѓа на предлог од неговата матична партија Беса, од крилото на Африм Гаши. Беса го доби ресорот култура откако Гаши и премиерот Зоран Заев се договорија за владина коалиција.

Поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, пак ќе биде новиот заменик министер за надворешни работи.

Пратеникот од СДСМ, Петар Атанасов, ќе биде заменик министер за образование. Тој на својот фејсбук профил ја објави оваа информација.

Бардиљ Даути ќе биде министер без ресор задолжен за странски инвестиции, а Митасин Бекири заменик министер за транспорт и врски по предлог на ДПА.

Како што веќе е познато, Рената Дескоска од СДСМ ќе направи рокада од Министерството за образование во Министерството за правда, додека на нејзино место ќе седне досегашниот замиеник министер Арбр Адеми од редовите на ДУИ.