Владата на вечерашната седница ја усвои спогодбата за меѓусебно признавање на дипломите и степенот на образование на средношколците и студентите кои од Македонија завршиле во Малта и средношколците и студентите од Малта кои завршиле во Македонија.

Исто така, министрите го прифатија и текстот на спогодбата помеѓу Министерството за образование и вработување на Република Малта и Министерството за образование и наука на Република Македонија за взаемно признавање на високообразовните степени, дипломи и сертификати.