Пензионирање на дел од командниот армиски кадар, како и освежување на военото водство, се причините за последните промени во генералскиот кор на Армијата на Република Македонија.

Минатата недела и вчера се случија пет рокади.

Примопредавања на должноста командант на Полкот за специјални операции се изврши помеѓу бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев и досегашниот командант бригаден генерал Орце Јордев, кој го замени генерал мајор Азим Нуредин на местото началник на штаб во Здружената оперативна команда (ЗОК). Генеалот Нуредин, пак, ја прими должноста заменик на Началникот на ГШ на АРМ од генерал мајор Мухамет Рацај.

Вчера се реализираше и примопредавање на должноста командант на ЗОК помеѓу новопоставениот бригаден генерал Павле Арсоски и досегашниот, генерал мајор Зоран Милески, кој ќе ја прими должноста директор на ГШ на АРМ од генерал мајор Димче Петровски.