Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. На средбата, инфомрираат од МНР, се разговараше за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ОН.
- Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор, порача Димитров по средбата со Гутереш.
Тој во седиштето на ОН во Њујорк имаше средба и со Розмари А. Дикарло, потсекретар за политички прашања во ОН, на која беше реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции
- Созревањето на Република Македонија и решителноста за градење европска демократија е вистинска шанса за демократски пробив во Европа, речеДимитров по средбата со Дикарло.