Не се оптеретувам со зборовите на Шешељ, рече претседателот на македонското собрание Талат Џафери во интервју за српски медиум. Новинарката го праша како ја коментира изјавата на лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, дека тој е терорист.
–Бев повикан од страна на претседателката на Собранието. Излишно е да се зборува за изјавата на Шешељ. Не се оптеретувам со него. Јас сум фокусиран на причината поради која сум тука– нагласи Џафери.
Џафери не сака да коментира дали очекува некаков инцидент во Србија. Вели, моја обврска е да бидам на ниво на она што го претставувам, Собранието на Р.М.
На прашањето за албанското знаме во неговиот кабинет, Џафери изјави дека тоа не е албанско знаме, туку знаме на албанскиот народ.