Активно граѓанство, волонтерството како алатка преку која може да се постигне активното граѓанство и пред градење на капаците кај младите луѓе со цел тие полесно да се вклучат на пазарот на трудот се достигнувањата на проектот ТраинВол, што во Македонија беше спроведен од Волонтерски центар Скопје.

Проектот, траеше 18 месеци, во него освен македонската организација, беа вклучени и организации од БиХ (Буди ми пријатељ), Кипар (Кардет) и Грција (Кноп), а денеска се одржа завршната конференција на која беа презентирани резултатите од неговите активности. Финансиран е од ЕК преку Еразмус плус програмата К2.

Никола Станковски, директор на Волонтерски центар Скопје информираше дека со проектот биле вклучени околу сто млади луѓе со отежнати потреби, односно со потешкотии во интеграцијата и социјализацијата во општеството.

- Преку разни механизми и платформа за волонтирање сакаме да ја подобриме самата структура и условите на младите луѓе, додаде тој.

Целта на проектот всушност е да се развијат алтернативни механизми за промоција на вештините и вклучување на пазарот на трудот на млади луѓе со посебен осврт на ранливите категории, преку волонтеризам, следејќи одржлив и репликативен каскаден модел.

Станковски напомена дека интересот на младите за ваквите проекти е голем, но оти тие не се доволно информирани за нивното постоење.

Една од учесничките во проектот, Вафире Мухареми појасни дека тој почнал со организацијата на онлајн курсот, што се состоел од два дела - за младински работници и крадење на капацитетите на младите и за млади кои сакаат да бидат волонтери, каде се граделе капацитети на младите, особено во сферата на комуникациските вештини, предизвиците при комуникација и емпатијата како алатка преку која може да бидете волонтер.

Во рамки на проектот се одржаа национални работилници на младински работници. Од секоја земја имало по двајца претставници, по што следеле студиски посети.

- Имаше размена на искуства и практики. Имаше доста предности од другите земји, кои ние можевме да ги искористиме, но и ние имаме некои предности, на пример имаме Закон за волонтерство, што не беше пракса во другите земји, додаде Мухареми.

Таа нагласи оти младите во Македонија покажале голема креативности во активностите на проектот, односно при решавањето на проблемите, кои им биле зададени.