Премиерот Зоран Заев во 10 часот со сите министрите од владиниот кабинет ќе оддржат прес конференција за сработеното од едногодишното владеење.
Прес конференцијата ќе биде тематска за еднa година Влада, а премиерот Заев ќе има обраќање на кое ќе реферира за сработеното од едногодишното владеење.
– Ве известуваме дека со почеток во 10 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придржуван од министрите во Владата, ќе одржи прес конференција. Прес конференцијата ќе се одржи во дворот на Владата на Република Македонија, кај споменикот на ослободителите на градот Скопје – стои во соопштението од Владата.