Вкупно осум лица се полеснo повредeни во седум сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 68 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 10 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца почетници и осум останати.

Како што информира МВР, од сообраќај се исклучени 36 нерегистрирани возила, две технички неисправни и 201 автомобил кои биле непрописно паркирани.

Со помош на специјално возило пајак отстранети се 62 возила.


Администратор
30/05/2018 09:24