Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев е политичар со најголема доверба од граѓаните, покажува анкетата на телевизија Телма, во која 24 проценти од испитаниците се изјасниле дека во него имаат најголема доверба.

Во анкетата премиерот Зоран Заев за својата работа доби средна оценка 2,78.

Во одговор на прашањето колку Заев ја оправдал довербата на народот со неговата работа, на скала од еден од пет, 26 проценти го оцениле со „единица“, 14,4 проценти со „двојка“, 22,2 процента со „тројка“, 15,5 проценти со „четворка“, а 15,2 процента со „петка“.

На прашањето дали Заев заслужува повторно да ја добие довербата потврден одговор дале 39,6 проценти, со „не“ одговориле 38,9 проценти, а 21,5 проценти не понудиле одговор.