Порталот „24/7 Вол Стрит“ објави топ 10 листа на најтешките објекти во светот. Истражувањето е спроведено врз основа на податоци од Гинисовата книга на рекорди, американскиот Национален институт за стандарди и технологија и неколку други научни извори.

Тежината на речиси сите објекти е утврдена со помош на проценки, а најтешкиот објект кој е директно измерен, е круглата ротирачка структура на една од лансирните рампи на Вселенскиот центар „Кенеди", која тежи 2.200 тони.

Листата 10 најтешки објекти на светот изгледа вака:

1. Големиот кинески ѕид - 52 милиона тони,7

2. Хидроелектраната „Брана на три кањони" во Кина - 9,4 милиони тони,

3. Кеопсовата пирамида во Египет - 5,4 милиони тони,

4. Нафтената платформа Гулфакс-Це во Северното Море - 1,4 милиони тони,

5. Кранот ССЦВ Тиалф - 952.000 тони,

6. Палатата на Парламентот во Букурешт, Романија - 726.000 тони,

7. Носачот на авиони „Нимиц“ - 92.500 тони,

8. Товарниот воз во Западна Австралија - 90.500 тони,

9. Подводниот комуникациски кабел (под океанот) - 80.000 тони,

10. Обелискот во Вашингтон - 73.600 тони.


Администратор
19/06/2018 03:30