Општина Гази Баба во соработка со Младиинфо Интернационал во партнерство со Волонтерски центар Славонски Брод и Нова Градишка од Хрватска го реализираа проектот „Солидарни млади во време на кризи“ на тема „Активни млади во време на криза - се движечката сила за подобра иднина!“ што се одржа во Нова Градишка.

На отворањето на настанот се обрати заменик градоначалничката на Нова Градишка, Ивана Трупина, која им посака добредојде на македонските претставници и истакна дека Македонците и Хрватите имаат многу заеднички нешта што ги поврзуваат.

Mакедонија и Хрватска се земји со долга историја во кризни ситуации кои што покрај човечкиот фактор (политички и социјални проблеми, вооружени конфликти), голема улога имаат и природните непогоди (земјотреси, поплави, пожари). Без сомнеж, поплавите во Скопје (2016) и Хрватска (2014), но исто така и бегалската криза оставија зад себе 30 жртви и повеќе од 300 повредени луѓе.

Како што информираат од општина Гази Баба, Младиинфо Интернационал заедно со Волонтерски центар Славонски Брод и претставници од општините Гази Баба и Нова Градишка низ проектот „Солидарни млади во време на кризи и природни непогоди“ работеа на онлајн и офлајн мапирање на национални и локални државни органи и релевантни засегнати страни кои што се одговорни за итни одговори во време на природни непогоди и кризи.

Учесниците во овој проект имаа можност да разменат искуства на оваа тема, научија нови техники за справување со природни непогоди и имаа сеопфатна дискусија за како подобро да се разбере важноста на солидарноста во време на кризи.

Заедничка констатација на учесниците е дека клучната улога ја имаат младите волонтери во времето на кризи.

- Учесниците од Македонија и Хрватска исто така за време на работилницата во склоп на настанот, развија акциски чекори за како подобро да се одговори во време на кризи и природни непогоди и подобрување на соработката на локалните власти со младите волонтери. Се дискутираше за постраумтскиот стрес кои луѓето го имаат по големи природни катастрофи и колку е важно да се работи на тоа поле, односно луѓето да добиваат соодветно психолошко советување по вакви големи кризи и природни непогоди, се наведува во соопштенеито од општина Гази Баба.

Учесниците од Македонија го посетиле и индустрискиот парк во Нова Градишка, кој важи за една од најпривлечните бизнис зони во Хрватска.