На 27.06.2018 година во 12,00 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.П.(60) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 07.30 часот на улицата „Алија Авдовиќ“ физички бил нападнат од контролор на Јавното сообраќајно претпријатие.
Физичкиот напад се случил во моментот кога се симнувал од автобус број 65. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.