Полициски службеници упаднале синоќа во неколку ноќни клубови меѓу кои и Сектор и ги легитимирале посетителите.

Повеќе граѓани на социјалните мрежи изразија револт поради синоќешната акција на Министерството за внатрешни работи во ноќните клубови во Скопје. Тие сведочат дека полицајци вооружени со автоматско оружје барале да се угаси музиката во ноќниот клуб „Сектор" со образложение дека се врши контрола на возраста на гостите.

Покрај ова, цел на полициската акција биле и останатите дискотеки лоцирани во градскиот парк.