Словенечките пожарникари го изгаснаа огнот во хотелот „Унион“, во центарот на Љубљана, поради што беа евакуирани стотина луѓе.

Според полицијата во инцидентот никој не е повреден.

Огнот го гаснеа 75 пожарникари со 14 противпожарни возила.

Се уште не е позната причината за пожарот.