Косовскиот претеседател Хашим Тачи, на покана на неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, кој беше повторно избран на чело на државата на неодамнешните претседателски избори, отпатува за Турција, каде што ќе присуствува на инаугуративната церемонија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Кабинетот на Тачи, информирајќи за неговото заминување во Анкара, нагласи дека турската држава останува значаен сојузник на Косово.
- Турциа одигра голема улога во јакнењето на меѓународниот субјективитет на Република Косово, придонесувајчи за зголемувањето на бројот на признавања и зачленувањето на нашата држава во меѓународни организации, се наведува во соопштението,
На церемонијата за инаугурација на реизбраниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се очекува да присуствуваат над 20 претседатели и околу 30 премиери на држави од целиот свет.