Српскиот претседател Алекандар Вучиќ го прими денеска заменик помошникот на државжниот секретар на САД Пит Мароко, со кого разговараше за билатералните односи и состојбата во регионот, објави Кабинетот на Вучиќ.

Според соопштението, Вучиќ истакнал дека ја цени посветената поддршка на американската администрација за прашањето за Косово, бидејќи смета дека постигнувањето на вистински компромис со Приштина е единствената гаранција за иднината на Србија и на целиот регион.

Мароко истакна дека го цени залагањето на председателот Вучиќ за мир и стабилност во регионот, како и придонесот кој го дава во меѓуетничкиот дијалог на Западен Балкан.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на српскиот претседател, Мароко констатирал дека Србија презема значајни чекори во борбата против екстремизмот и тероризмот и дека во таа област се гледаат големи можности за соработка на двете земји, како и дека Србија има остварено значаен напредок во реформите за приклучувањето во ЕУ.