Општина Гази Баба заедно со Куманово и Теарце, ќе бидат трите општини од Македонија што ќе бидат дел од проектот “Прекугранична иницијатива за културна размена” со три општини од Косово.

Проектни партнери се Косовска фондација за културно наследство без граници и Здружение за унапредување на одржлив развој - институт Балкан про Европа, со поддршка од ЕУ.

По тој повод, во просториите на општина Гази Баба се одржа првиот форум, на кој експерти од општината, од Министерството за куктура, од институтот Балкан про Европа, го презентираа овој проект. Предвидени се форуми во сите шест општини од двете земји. Преку форумите кои ќе се одржуваат ќе се придонесе за подобра комуникацијата, зголемување на довербата, но и да се поттикнат луѓето преку иницијативи и поддршка на заеднички активности да се унапредат областите во заштитата и унапредувањето на културното и природното наследство.

Целта е преку проектот “Прекугранична иницијатива за културна размена” подобро да се менаџира со културното наследство, да се зголеми комуникацијата и соработката меѓу државите, како и синегрија на граѓанското општество, локалната и државата власт.

Проектот ќе обезбеди по 16.000 евра за секоја општина, средства со кои ќе се врши анализа на терен. Финализацијата на проектот се очекува да биде во февруари, 2020 година.