Центарот за развој на Скопскиот плански регион денеска во Домот на културата во општина Илинден ќе ја одржи шестата седница.

На седницата, како што најавија од општина Гази Баба, ќе присуствува постојаниот претставник на Обединетите Нации, Луиза Винтон, со која ќе се разгледува грантовата шема за поддршка од УНДП.

Предвидено е на седницата да присуствуваат и ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски по повод потпишувањето на меморандум за соработка меѓу Центарот и УКИМ.