Полицијата во босанското пристаниште Неум заплени 665 килограми марихуана.

Како што јави ФЕНА, дрогата била откриена во товарно возило кое го управувал маж со двојно хрватско и босанско државјанство.

Дрогата била спакувана во 89 вреќи и се претпоставува дека била наменета за западноевропскиот пазар.