Шеснаесет луѓе загинаа, а по 30 се трага откако потона брод со мигранти во близина на брегот на Северен Кипар.

Турската и севернокипарската крајбрежна стража спасија 101 лице со помош на трговски бродови, кои биле во близина на местото на несреќата.

Турскиот весник „Хуријет“ објави дека превртениот брод бил откриен синоќа со помош на радар, а утрово целосно потонал.