Претседатлот на парламентарната група на косовското опозициско Движење Самоопределување (ВВ), Глаук Коњуфца денеска презентираше план од шест точки за дијалогот Белград-Приштина, кој според него, треба да биде дел од патформата за разговорите што ќе ја усвои Собранието на Косово.
Со предлогот на ВВ се предвидува прекин на дијалогот Белград-Приштина во сегашниот формат, со процесот во иднина да не раководи претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и разговорите да не се однесуваат на косовски внатрешни прашања
Во планот се предлага и да постои целосен реципроцитет во односите меѓу Приштина и Белград и за правата на Албанците во Србија со правата на Србите во Косово, како Србија „да биде обвинета за геноцид“.
Коњуфца нагласи дека планот бил усогласен на вчерашната дебата посветена на дијалогот што ја организраше ВВ и на која учествуваа и претставници на Албанците од општините Прешево, Медвеѓа и Бујановац во јужна Србија.