Иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи побара „брза и праведна“ акција на судовите, откако шефот на судската власт ајатолах Садек Амоли Лариџани изјави дека државата е соочена со „еконмска војна“.

Иранската валута ријал од април досега загуби повеќе од половина од својата вредност поради константните закани од американски санкции. Поради тоа се зголемени и трошоците за живот, што предизвика и протести.

Централната банка и иранското судство ги обвинија „непријателите“ за пад на вредноста на валутата.

- Целта на судовите е на брз и праведен начин да ги казнат виновниците за корумпираните економски дејствија, нагласи Хамнеи.