Најмалку 44 авганистански војници и полицајци се убиени при денешниот напад на талибанците врз воена база во северната провинција Баглан.
Помеѓу загинатите девет биле полицајци, а 35 војници. Авганистанското Министерство за одбрана се уште не го коментира инцидентот.
Нападот е преземен по борбите во Газни, главниот град на истоимената провинција во источен Авганистан. Талибанците по пет дена борби се повлекоа од Газни. Во борбите во Газни загинаа и повредени се голем број луѓе.
Поради борбите во Газни има недостиг на храна и вода за пиење, а два дена нема и електрична енергија.
Талибанците откако три дена ја држеа под опсада вчера нападнаа и воена база во провинцијата Фарјаб, северен Авганистан, при што се убиени се најмалку 17 војници, а 19 се повредени.
Талибанците презедоа одговорност за нападот врз воената база во Фарјаб.
Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид тврди дека 57 авганистански војници се предале, а уште 17 биле заробени во текот на борбите. Тој додаде дека и запленети се осум воени возили „Хамви“.