Годинава го имавме едно од најмасовните и најквалитетни изданија на Струмица опен фестивал, оцени градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски на денешната прес конференција.

Јаневски смета дека со одржувањето на фестивалот во јули и август на граѓаните им се понудени разновидни содржини.

-Можеме да констатираме дека е направен значаен исчекор и во квалитет и во квантитет, со што истиот бележи евидентна нагорна линија. Задоволството е уште поголемо, што сите фестивалски денови поминаа без никакви проблеми или нарушување на јавниот ред и мир, истакна градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Тој им честиташе на организаторите Здружението „Културен-забавен живот“,но и на сите институции кои беа задолжени за безбедноста и чистотата, а најмногу на граѓаните кои беа дел од седмиот Струмица опен фестивал.

Јаневски на крајот рече дека како градоначалник ќе вложува максимални напори во поддршката на фестивалот, но и за уште поголемо збогатување на содржините кои го разубавуваат животот на граѓаните.