Авганистанскиот главен град Кабул утрово беше цел на напади, јавија западни медиуми.
Цел на нападите најверојатно е претседателскиот комплекс.
Нападите се извршени додека претседателот Ашраф Гани држеше говор по повод исламскиот празник Курбан бајрам.
– Има групи кои не се откажуваат од насилство. Тиое нема да успеат со ракети да го запрат развојот на Авганистан, рчее Гани.
Во градот се регистрирани неколку експлозии, но засега нема информации за жртви или материјални штети. Талибанците вчера отфрлија прекин на огнот предложен од Гани и наведоа дека ќе продолжат со напади врз владата и странските сили во Авганистан.