Општина Штип аплицираше со два проекти за добивање на средства од Програмата за рурален развој, а кои ги обезбедува Владата на Македонија. Александар Арсовски вработен во Општина Штип појаснува дека станува збор за проекти за доизградба на улици во Стар Карорман и изградба на пат до селото Кошево во должина од шест километри.

- Улиците во селото Карорман се во должина од 1.216 метри, вкупниот буџет изнесува 3.867.339 денари. Додека пак патот за село Кошево, вкупната вредност на инвестицијата е 28.558.000 денари, вели Арсовски.

Овие средства кои ги добиваат општините преку Програмата за рурален развој им помагаат да ја средат инфраструктурата во селските средини, но и да им го олеснат животот на жителите во овие подрачја.