Вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев, денеска повтроно предизвика инцидент со новинарите. Анѓушев се обиде сликовито да ги претстави проблемите и пропустите во изградбата на автопатот Кичево –Охрид.
На табла, со фломастер црташе и ги означуваше местата на трасата каде е потребна санација. По завршувањето на презенатацијата, ноншалантно го фрли фломастерот кон новинарите и рече дека вака се работи транспарентно, со прикажување на сите детали. Потоа, видно вознемирен почна со висок тон да се обрќа кон новинарите:
„Јас сум градел електрани, јас сум градел фабрики, знам како да го решам и овој проблем ама знам како да работам транспарентно. Претеравте, претеравте, последната емисија на 360 степени не беше коректна“, реагираше Анѓушев.
Инаку, во емисијата, меѓу другото, во „Саботажата“, беше потсетено на едно од неговите ветувања.
Ноншалантноста и безобзирноста надополнета со дрскост која ја обезбедува функцијата, креираат политички гарнитури за кои скрупулите, кои се темел на одговорноста, се само безначајна низа зборови употребени како форма за побезболно совладување на моменталната непогода. Дали ова значи дека „Феро Инвест“ и останатите фирми во ваша сопственост нема да учествуваат на државни тендери. „Феро Инвест“ и останатите фирми нема да учествуваат на државни тендери. Секаде каде ќе имам можност да влијаам во било каква постапка, таму моите компании нема да учествуваат, не само по закон, туку по морални причини “, вели Анѓушев.
По завршувањетона пресконференцијата, Анѓушев застана со новинарите да даде дообјаснување за изградбата на автопатот. Потоа повторно се пожали дека цела година е критикуван во медиумите и вели дека повеќе не можел да издржи. Но, на прашањето дали ќе се повлече и ќе поднесе оставка, тој одговори – „не“, ама дека од сега вака ќе постапувал. Ова не е прв пат вицепремиерот Кочо Анѓушев вака вербално да се однесува со новинарските екипи. Освен новинарите, на неговото однесување се пожали и Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл.
Извор: Алсат Телевизија