Актуелната политичка ситуација во која се наоѓа државава, придобивките од членството на Македонија во ЕУ и важноста на референдумот како демократски инструмент за интегрирање во евроатлантските сојузи биле темите на разговор меѓу градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ Амбасадорот на Република Унгарија во РМ, Ласло Иштван Дукс.

Како што соопштија од Општина Центар, денеска на работниот состанок Богдановиќ го запознал амбасадорот со работата и делувањето на општината како дел од единиците на локалната самоуправа во Македонија.

По состанокот, Богдановиќ и Дукс ги потврдиле заложбите за унапредување на соработката помеѓу двете држави како на локално, така и на централно ниво.