Две лица добија лесни повреди во скопската населба Ченто, откако 30-тина куршуми биле испукани во нивниот автомобил од автоматска пушка “Калашников”. Куршумите биле испукани од друг автомобил во движење, кој бил без регистарски таблички.
Едно лице е задржано во болница и е надвор од животна опасност, додека второто лице е пуштено на домашно лекување. Македонската полиција се сомнева дека станува збор за одмазда.
Инцидентот се случил на улицата “Алија Авдовиќ”, каде што целта било возило “Мерцедес Бенц”.