Албанскиот претседател Илир Мета присуствуваше на приемот организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

На официјалната страница на фејсбук Мета постираше фотографии со претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија Транп.

-Задоволство ми беше што учествував на приемот организиран од претседателот на САД,Донадл Трамп. Стретешко партнерство меѓу Албанија и САД,- напиша Мета.

Мета престојува во САД на 73-та сесија на ГС на ОН што започна вчера.

За време на престојот тој имаше средби со негови колеги и премиери од повеќе земји,меѓу кои и кралот на Јордан и претседателот на Полска.