Во текот на летото, во екот на главната туристичка сезона, за 50 отсто е зголемен бројот на физички лица кои на транзитните туристи кои минуваат низ Гевгелија им нудат услуги од помал обем, поточно ноќевање во апартмани преуредени за таа намена.
Пред почетокот на летната сезона на територијата на општина Гевгелија беа регистрирани 22 лица кои се занимаваа со оваа дејност, а денеска нивниот број се искачи на 34 лица.
Од Одделението за туризам и локален економски развој на општина Гевгелија велат дека овие лица сериозно го развиваат бизнисот нудејќи им ги на гостите сите услови што ќе ги добијат и во хотелите и дека сместувачките објекти се регистрираат во општината според Законот за туристичка дејност со исполнување на минималните технички услови за работа.
Посебна општинска комисија врши категоризација на објектите во стандардна и комфорна категорија, а лицата кои се занимаваат со оваа дејност при наплатата за извршена услуга за ноќевање должни се да наплатат и туристичка такса по лице која изнесува 40 денари дневно.
Од туристичката такса 80 отсто се уплаќа на сметка на општина Гевгелија, а останатите 20 отсто одат во буџетот на РМ за развој на туризмот