Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко придружуван од архитектите на општина Струга денеска имаа состанок со професори од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ од Скопје.

Целта на средбата, како што соопшти општинската прес-служба, била запознавање на академскиот кадар со урбанистичките проблеми во Струга, град кој бил избран за проект за семестрална задача.

Околу 80 студенти на Архитектонскиот факултет во текот на семестарот ќе работат во различни локации низ градот за нивните семестрални задачи. Тие ќе работат идејни проекти за јавни објекти како што се градинките, основните училишта, спортски објекти, паркови и јавни простори, како и предлог-план за развој на урбанизмот во Струга.

Градоначалникот ги информирал за актуелните проблеми со кои се соочува општина Струга во областа на урбанизмот и административни пречки на централните институции, кои го попречуваат правилниот развој на градот.

- Отворени сме за нови идеи и предлози од квалификувани лица од областа на архитектурата и просторно планирање, кои ќе придонесат за развојот на Струга како туристички град. Подготвен сум и да им помогне на учениците и младите аркитекти во нивните креативни иницијативи за доброто на градот, истакна Мерко.

Претставници од Универзитетот Американ Колеџ изразија оптимизам дека во иднина ќе има квалитетни проекти од студентите.

Ваквите состаноци, според Општина Струга, ќе продолжат и ќе се финализираат со изложба на проектите, на која студентите ќе работат во текот на учебната година под менторство на професионални лица од таа област. Готовите проекти ќе може да се користат за подобрување на инфраструктурата и урбанизмот во градот на Струга.