Македонското друштво „Илинден" по повод празникот, Ден на македонската револуционерна борба упати честитка до граѓаните на Република Македонија и до сите Македонци каде и да се.
– Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија,упатуваме честитки по повод големиот празник – 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација со која започна организираната борба на македонскиот народ за слобода и создавање на своја независна држава. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката.
Честитајќи им го денот сите Македонци во светот, друштвото ги потсетува дека Денот на македонската револуционерна борба е еден од трите светли датуми кои го одбележаа векот на обнова на македонската државност.
– Нека е вечен и вековит Денот на македонската револуционерна борба!-стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото,Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.