Нивото на Охридското езеро се спушта до минимално дозволената кота.Од граѓанската иницијатива ,,Охрид СОС” со апел до ЕЛЕМ да се затворат испустите на Дрим во Струга, бидејќи водата во езерото значително е намалена. Според последните мерења на ЕЛЕМ,нивото денес изнесува 693.26 метри надморска височина што е на само 16 сантиметри до минимално дозволената кота, пренесува Алфа телевизија
-Ние не можеме да ги трпиме последиците од некое несовесно или профитерско размислување на некаква компанија независно дали е приватна, државна или било каква, изјави Димитар Зарчев, жител на Охрид
Проблемот со кој се соочуваме во еден голем временски континуитет од ден на ден предизвикува се поголеми последици, наметнатите осцилации на езерото се опасни-велат експертите.ЕЛЕМ не смее Охридско од природен резерват да го претвора во акумулационен базен –додаваат тие.Укажуваат дека од почетокот на месец март па се до јуни, нивото на езерото алармантно се покачи за критични 86 сантиметри над дозволениот максимум,а само 4 месеци подоцна тоа нагло се празни.
Податок кој се занемарува е и испарувањето на водата.На годишно ниво испаруваат преку 350 милиони метри кубни вода, а со климатските промени ќе се соочиме со уште поголем проблем,потенцираат еколозите.
-Постои опасност испарувањето на водата да се дуплира, значи 700 милиони метри кубни да испарува или да се утростручи.Тогаш ќе треба да размислуваме за иднината,да превземеме напори да ни се сочува нивово на езерото. Мој став е, јас работам на тоа да се направат во Дебрца две акумулации со вода, изјави екологистот Лазо Наумовски
Експертите со години наназад укажуват и дека проблемот лежи во нерегулираниот истек на водата од Охридското езеро.
-Да се направи софистициран систем на истекот на Охридското езеро во Струга, а не да се регулира, односно нерегулира со поставување на талпи кои ЕЛЕМ ги вади и поставува по желба,кога сака, изјави универзитетскиот професор Здравко Крстановски.
Нерегулираниот истек преку реката Црни Дрим предизвикува поплавување на крајбрежјето при висок водостој или повлекување на водата кога водостојот е низок како сега. Големи површини од езерското дно остануваат суви,предизвикувајќи изумирање на голем број ендемични растителни и животински видови.
Во Каналов „Студенчишта сега природно влегува поголема количина на плашица која може да угини поради недостаток на кислород.