Со новите законски измени на Законот за стечајни работници во Штип се опафтени 180 лица. Претседателот на Здружението „Унит“-Штип, Ќемалдин Арсланов денеска ги повика овие стечајни работници да почнат со постапката за добивање паричен надоместок.
-Ги повикувам стечајните работници, утре, вторник да се пријават во Агенцијата за вработување, да поднесат барање за паричен надоместок, рече Арсланов.
Тој забележа дека во Штип ќе останат уште околу 20 лица, кои нема да бидат опфатени со овие законски измени. Проблемот се појавува кај оние фирми, кои го промениле матичниот број.
-Штом фирмата се приватизирала, доаѓаат други газди и ги менуават матичните броеви е тоа е проблемот за овие стечајци, вели Арсланов.
Во Штип со новата група на стечајни работници, кои се опфатени во најновите законски измени паричен надоместок ќе добиваат вкупно 500 стечајци и тоа до нивното пензионирање.