Во среда, 7.11.2018 година со почеток 11 часот на платото на УКИМ ќе се одржи студентски митинг под мотото „Не биди медиумска мета“.
На овој настан ќе говорат студентите. Пораките ќе бидат: „не биди мета“, „јас имам свој идентитет“, „доста со дезинформации“, „доста со манипулации“, „јас не сум вмрежен“, „студентите се авангарда“,...
Тие ќе испратат пораки против пропагандата, агресивното потрошувачко општество, отуѓувањето, рекламното тероризирање, жртвите на видео игрите, лажните вести, агресивниот маркетинг, медиумскиот хаос во Република Македонија.
Mитингот е со цел да испрати порака до релевантните инстанци во државата со цел забразано да се имлементира концептот медиумската и дигиталната писменост во конвенционалното образование.