Регионалната комора со седиште во Кавадарци ќе одржи работна средба во хотелот „Фени“ каде ќе се расправа за перспективите на локалната економија согласно моменталната состојба, проблемите и предизвиците.

На работната средба ќе присуствуваат заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.