Во рамки на акцијата ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини. Дрвјата се набавени од Град Скопје, за што од буџетот беа издводени 12,5 милиони денари.
Подготвителните активности течат, се копаат дупки, а неквалитетната се заменува со плодна земја.
Дрвјата ќе бидат засадени долж градските сообраќајници, во средишните жардиниери на булеварите, во парковите, на локации каде што биле исечени, како и во дрворедите каде што треба дополнување.