Лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската партија,Љуљзим Баша, од денешното Нацонално собрание на партијата повика на отстранување на премиерот Еди Рама од власта со цел „ стопирање на на пропаста на Албанија“.

Тој уште побара да се продолжи со обвинувањата и демаскирањата кон владата а повика сите албански граѓани да се придружат на студентските протести “кои се одржуваат насекаде во Албанија“

-Од денеска треба да бориме за промени,не за власт.Само така утре ќе имаме одговорна,демократска,транспарентна и мирољубива влада. Еди Рама ја донесе Албанија на работ на пропаста.Тој треба да си оди. По Енвер Хоџа,кој нанесе најголемо зло на Албанија,Рама е веднаш зад него,затоа само со негово заминување ќе ја спасиме земјата од целосен пропаст,-порача Баша.

Според него замнувањето на Рама од власт е прв чекор кон промени во предводењето на земјата. Тој исто така смета дека „Рама и целата криминална банда,со која ја уништил Албанија,треба да се изнесат пред лицето на правдата“.

-Убеден сум дека за да падне владата на Рама нема потреба од насилство,туку секојдневно присуство пред него,противејќи се на неговото лошо владеење. Соборувањето на Рама е неопходно,затоа да се придружиме сите на потестите на студентите, граѓаните,малиот бизнис,земојделците,-порача Баша.

Делегатите на Националното собрание на Демократите избираат нов Национален совет на партијата.