Со богата музичка програма и спектакуларен огномет повеќе илјади жители на албанската метропола и туристи, на плоштадот „Скендербег“ ја дочекаа новата 2019 година.

На прославата присуствуваше и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај со сопругата, кој упати новогодишна честитка во која посака добро здравје, среќа, благодет за жителите на Тирана која е, како што рече, главен град од соништата.

Новогодишната ноќ мина без инциденти, можеби и поради забраната за употреба на пиротехнички средства. За безбедноста беа ангажирани поголем број полициски сили.

За дочекот на Новата годна во туристичките места Валона, Саранда, посебно во Драч, многубројните беа гостите од Македонија.