Првороденото бебе во Албанија во Новата 2019 година е машко.
Родено е во првата секунда од новата година во гинеколошкото одделение на болницата во Фиер, од каде потврдуваат дека бебето и мајката се во добра здравствена состојба.
И во Тирана првото бебе е машко. Родено е во втората секунда од новата година во Клиниката за гинекологија „Кралица Гералдина“. Тешко е 3.200 грама и се вика Елис. И бебето и мајката се во добра здравствена состојба.
Премиерот Еди Рама ги посети мајките и трите новороденчиња, машко и две девојчиња во клиниката „Кочо Гложени“ во Тирана и потсети дека од денеска стапува во сила одлуката на Владата, со која за прво родено дете се доделуваат 40 илјади, за второ 80 илјади и за трето родено дете 120 илјади леки.
Инаку, првороденото бебе во Албанија лани беше машко.